SportM
Фудбал

Зидан веќе донесе одлука?

Д М11 дек 2020
Зидан веќе донесе одлука?

Зинедин Зидан наскоро би можел да ја напушти клупата на Реал Мадрид.

Медиумите во Шпанија сè погласно зборуваат за тоа, а незадоволни се и навивачите на кралевите од Мадрид.

Зидан е лут што челниците на клубот не ги исполнија неговите желби во однос на доведување на одредени играчи на лето, а тој остана и во текот на сезоната без неколку важни играчи, најмногу поради повредите ..

На Пиринеите, приказната се прошири толку многу што Зидан го извести првиот човек на клубот, Флорентино Перез, дека заминува во јуни.

Наводно, Французинот сака да се сврти кон други опции, поточно кон Јувентус и француската репрезентација.

Реал е на четвртото место во лигата со натпревар помалку и шест бода помалку од Атлетико Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.