SportM
Фудбал

Златан Ибрахимовиќ ќе пропушти четири важни натпревари

Д М1 мар 2021
Златан Ибрахимовиќ ќе пропушти четири важни натпревари

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се здоби со повреда на мускулот, а неговата состојба ќе биде преиспитана за 10 дена.

Швеѓанецот се повреди во победата на Милан над Рома (2:1) во неделата вечерта на Олимпико, поради што беше заменет, а медицинскиот извештај открива дека станува збор за повреда на левиот адуктор.

Неговата состојба повторно ќе биде проценета за 10 дена, но тој ќе мора да пропушти натпревари против Удинезе, Верона, Наполи и еден натпревар против поранешниот клуб, Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.

Хакан Чалханоглу исто така беше повреден, па ќе го пропушти натпреварот во среда со Удинезе, и би можел да се врати на мечот со Верона

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.