SportM
Фудбал

Златната топка го губи кредибилитетот: Остри критики доаѓаат од сите страни, проговори и играчот од средниот ред на Реал

Д М30 ное 2021
Златната топка го губи кредибилитетот: Остри критики доаѓаат од сите страни, проговори и играчот од средниот ред на Реал

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси синоќа ја освои Златната топка, вкупно седма, а неговата победа во овогодинешниот избор за најдобар фудбалер разочара голем број навивачи на најважната споредна работа во светот, но и голем број фудбалски стручњаци и активни фудбалери.

Рака на срце, Меси не се истакна оваа година и се чини дека новинарите се водеа од некои претходни заслуги во нивниот избор, така што растечките критики кои доаѓаат по синоќешната церемонија се оправдани.

Откако во медиумите се појави легендарниот голман Икер Касиљас кој без влакна на јазикот ја критикуваше годинашната селекција, истото го направи и фудбалерот на Реал, германскиот репрезентативец Тони Крос.

Тој смета дека Меси не ја заслужил наградата и дека неговиот соиграч Карим Бензема, ако се погледне оваа година, требало да ја добие наградата.

“Прво морам да кажам дека навистина не ме интересираат индивидуални награди, но бидејќи ги има, тогаш е во ред. Според мене, Меси дефинитивно не требаше да победи овој пат. За мене Бензема е најдобар ако ги оцениме игрите оваа година“, истакна Крос па додаде:

„Нема сомнеж дека Меси е најдобриот играч на деценијата покрај Роналдо, но според мене Кристијано го победи Лео во тој временски период“.

Да потсетиме, Меси заврши на првото место во генералниот пласман и имаше вкупно 33 гласа повеќе од Левандовски. Трет беше Жоргињо кој на крајот доста „заостана“ зад Меси и Лев.

Да додадеме дека Кристијано Роналдо заврши на 6то, а Бензема на 4то.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.