SportM
Фудбал

Златната топка повторно во рацете на Лионел Меси!

Д М29 ное 2021
Златната топка повторно во рацете на Лионел Меси!

„Театре ду Шателе“ во Париз вечерва беше домаќин на традиционалната церемонија на традиционалното доделување на Златната топка, по избор на магазинот „Франс фудбал“. Работи од 1956 година, а рекордер е човекот кој славеше вечерва – Лионел Меси.

Тоа е најпрестижната фудбалска награда која традиционално се доделува на крајот на секоја година. Иако ФИФА направи сопствен избор на оваа награда под името The Best, сепак многумина Златната топка ја сметаат исклучиво за онаа што ја доделува Франс Фудбал.

По седми пат во историјата наградата му припадна на Лионел Меси, ѕвездата на ПСЖ. Меси славеше пред Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн, а со денови се шпекулира дека поранешниот напаѓач на Барселона ќе го добие ова ласкаво признание. Моментално е лидер по бројот на награди, а Кристијано Роналдо има две помалку, односно пет.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо вечерва не останува на гала вечерата, исто како и Карим Бензема. Португалскиот напаѓач жестоко го нападна уредникот на Франс Фудбал, Паскал Фере непосредно пред доделувањето на Златната топка, бидејќи изјавил дека Роналдо сака да ја заврши кариерата со повеќе Златни топки од Лионел Меси, a поранешниот играч на Реал Мадрид и Јувентус го зазеде само шестото место.

ДЕСЕТ од најдобрите во светот: Лионел Меси, Роберт Левандовски, Жоргињо, Карим Бензема, Канте, Кристијано Роналдо, Мохамед Салах, Кевин Де Брујн, Килијан Мбапе и Џанлуиџи Донарума.

За најдобри млади играчи беше избран Педро од Барселона. „Неодамна наполнив 19 години. Најдобро е да го поминете вашиот роденден добивајќи ја оваа награда. Ви благодариме на сите во Барселона за помошта и на Лео Меси кој е тука“, рече Педри.

Левандовски за утеха ја доби наградата „напаѓач на годината“ , која воедно е една од двете нови награди во изборот на Франс Фудбал.

„Многу сум горд што сум тука, речиси две години по ова тешко време предизвикано од пандемијата. Горд сум на оваа награда. Секогаш сум подготвен да постигнувам голови и им должам голема благодарност на моите соиграчи и тренери, без нив ова не би било можно“, призна тој. Полјак е.

За најдобри фудбалери беше избрана Алексија Путелас (Барселона) и тоа е награда што ја врачи напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Путелас заедно со Барселона ги освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Купот на Шпанија. Покрај неа, номинирани беа: Џенифер Хермосо, Сем Кер, Лике Мартенс и Вивијан Миедем.

Наградата за најдобар голман му припадна на голманот на ПСЖ, Џанлулиџи Донарума, кој до летово бранеше во Милано, а со Италија го освои Европското првенство.

“Тоа беше неверојатна година за мене. Со Милан се квалификував за Лигата на шампионите, го освоив Европското првенство. Тешко е да се опишам со зборови. Емоциите се навистина големи и многу сум горд на она што го направив”, изјави талентираниот голман.

За најдобар тим е избран актуелниот европски шампион Челзи од Лондон. Заслужено!

„Многу сме среќни што ја добивме оваа награда, имавме фантастична година. Среќен сум за навивачите и сите во клубот!“ – изјави Тухел.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.