Зошто Борусија Дортмунд ќе добие само 40 милиони евра од трансферот на Халанд?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Манчестер Сити.
Манчестер Сити вчера на официјалниот сајт потврди дека трансферот на Халанд во овој клуб е завршен и дека тој од лето ќе биде новиот играч на овој клуб.
Халанд ќе потпише повеќегодишен договор со Граѓаните и официјално ќе биде претставен на крајот од оваа сезона. Сити не штедеше при неговото доаѓање, иако не потроши многу пари за обештетување.
Англискиот клуб ја активираше откупната клаузула која Халанд ја има во договорот и ја купи за само 60 милиони евра. Но, покрај тоа, на Норвежанецот и неговите агенти ќе им платат огромна сума на бонуси бидејќи го избраа Манчестер Сити.
Сепак, она што е интересно е дека Дортмунд од овој трансфер ќе добие само 40 милиони евра. Сепак и покрај тоа германскиот клуб ќе има чиста заработка од 20 милиони евра бидејќи на Салцбург пред само две години му платија само 20 милиони.
Како што веќе напоменавме, Дортмунд од трансферот на Халанд ќе добие 40 милиони евра, а останатите 20 милиони евра кои ќе ги плати Сити ќе одат за неговите поранешни клубови.
Од овој трансфер одлично ќе добие и Салцбург, но и норвешките клубови Молде и Брин, каде настапуваше на почетокот на кариерата.
Се шпекулира дека Халанд ќе биде еден од најплатените играчи во Англија и ќе заработува дури 400.000 фунти неделно. Но, јасно е дека тој ќе биде огромно засилување за Манчестер Сити и поради тоа челниците на овој клуб не сакаа да штедат пари.
Халанд имаше проблеми со повреди оваа сезона, но беше и одличен. На 29 натпревари во сите натпреварувања постигна дури 28 гола, што е навистина импресивен резултат.



