Фудбал
Ѕвездата на Барселона ги загуби нервите по ремито со Бетис (ВИДЕО)

Ѕвездата на Барселона, Рафиња целосно ја загуби контролата по синоќешното реми помеѓу каталонскиот тим и Бетис, што го забележаа многу гледачи на стадионот.
Прво Роберт Левандовски се обиде да го смири, а потоа и останатите играчи кои застанаа меѓу него и помошниот судија за да спречат понатамошен конфликт. Тој се упати кон соблекувалната каде го пречека Ханси Флик кој сакаше да го поздрави и смири, но Бразилецот не сакаше ниту да го послуша и побегна што е можно побрзо.
Сè продолжи на патот кон соблекувалната, каде што главната улога ја имаше капитенот на тимот, Марк-Андре тер Штеген, со кој Бразилецот за малку ќе се пресметаше физички.
Германецот се обиде да го смири, но Рафиња не сакаше ниту да слушне за таква можност.
На крајот Тер Штеген и Флик го придружуваа до соблекувалната и спречија поголем инцидент, што може да се види на видеото приложено во текстот.
-Беше лут на мене, не на судиите и ми викаше“, иронично го коментираше Флик инцидентот со најдобриот играч на крајот од натпреварот. Да додадеме дека Барселона ремизираше со Бетис, беше 1:1, па каталонскиот тим ја зголеми предноста во однос на Реал, која сега изнесува четири бода.