Ѕвездата на Интер е фатена како вози пијан пред натпреварот

Италијанската полиција го фати пијанот фудбалер од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ, како вози додека е во алкохолизирана состојба, по што следуваше одземање на возачката дозвола.
Италијанските медиуми јавуваат дека полицијата во раните утрински часови во саботата наутро го следела автомобилот на Брозовиќ Ролс Тојче Кулинан, откако тој поминал на црвено на семафор во Милано.
Хрватскиот играч од средниот ред беше запрен од полицијата и беше тестиран за алкохол.
Нивото на алкохол во неговото тело беше над дозволената граница.
27-годишникот е казнет за возење со германски регистарски таблички, а неговата возачка дозвола е одземена.
Останува да се види дали Антонио Конте ќе го стави во игра за натпреварот на Интер против Торино во понеделник вечерта.



