SportM
Фудбал

Ѕвездата на Ливерпул се нуди на Барселона, Флик мисли поинаку

SPORTM.mk28 сеп 2026
Ѕвездата на Ливерпул се нуди на Барселона, Флик мисли поинаку

Бидејќи Барселона е во потрага по централен одбранбен играч и на Вирџил ван Дајк му истекува актуелниот договор со Ливерпул во јуни оваа сезона, Холанѓанецот е отворен за можен трансфер кај Каталонците.

Според “Ел Насионал”, Холанѓанецот е подготвен да направи и намалување на платата што ја добива моментално во Ливерпул, само за да се трансферира во Барселона. Од друга страна, според истиот извештај, тренерот на Барселона, Ханси Флик, не е многу оптимист за овој можен трансфер.

Германскиот тренер преферира помлади имиња за централната одбрана како Алесандро Бастони и Нико Шлотербек. Ако раководството на Барселона инсистира на засилување со повеќе искуство, Флик би претпочитал повеќе Емерик Лапорт отколку Ван Дајк.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.