Ѕвездата на Манчестер Јунајтед пати по враќањето на Роналдо: „Не е во ред што се случува“

Триесет и шестгодишниот Кристијано Роналдо летово се врати во Манчестер Јунајтед, но не сите се задоволни од неговото враќање во Театарот на соништата.
Португалската ѕвезда го затресе Јунајтед, постигна важни голови особено во Лигата на шампионите, а жртва на враќањето на Роналдо секако е две години помладиот напаѓач Единсон Кавани, кој претходно имаше одлична прва сезона во дресот на Манчестер со 17 гола и шест асистенции.
Димитар Бербатов, поранешен бугарски репрезентативец кој настапуваше за Манчестер, смета дека Кавани неправедно бил оставен во сенка на Роналдо и го советува Уругваецот да го напушти клубот, а тие моментално го сакаат во Барселона.
“И покрај добрата прва сезона, Кавани не игра доволно. Кога некој како Кристијано Роналдо доаѓа во клубот, целото внимание се насочува кон него, тој игра на секој натпревар. Ова не е вистинската ситуација, со оглед на тоа што Кавани напорно се бореше за тимот минатата сезона, доби нов договор, но Роналдо го зазеде неговото место. Не е во ред тоа што се случува, но се случува во фудбалот“, рече Бербатов.
„Доколку постои шанса Кавани да замине, да речеме, во Барселона, тој секако би можел да го направи тоа бидејќи би играл повеќе. Ако му понудат поголема минутажа во Ла Лига, ќе го поддржам и ќе му кажам: „Оди играј, изгледа како добар трансфер, тој има многу пари, а ти немаш 24 години“, јасен е Бербатов.
Кавани се соочи и со неколку здравствени проблеми оваа сезона, па беше искористен на само девет натпревари во Манчестер Јунајтед, постигнувајќи гол против Тотенхем, во Премиер лигата, во победата на неговиот тим од 3-0.
Претходно, во есента 2020 година, тој пристигна од ПСЖ како слободен играч.



