Фудбал
Дали Илон Маск ќе го купи Ливерпул, имал голема желба?!
Ерол Маск, таткото на официјално најбогатиот човек на светот, Илон Маск, потврди дека неговиот син сака да го купи фудбалскиот гигант Ливерпул. Извршниот директор на Tesla и SpaceX изрази сериозен интерес за купување на Ливерпул.
Elon Musk's father, Errol Musk, has claimed that his son is interested in buying Liverpool Football Club. pic.twitter.com/EH7B6KyOr7
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 7, 2025
Тоа дефинитивно би била најголемата зделка во историјата на фудбалот, а ова сензационално откритие го сподели неговиот татко Ерол Маск во ексклузивно интервју за Тајмс радио. Во сè има една важна пречка, а тоа е стравот кај навивачите на Ливерпул дека сегашната сопственичка структура, исто така американската групација Fenway Sports Group (FSG), би можела значително да ја зголеми цената на клубот доколку Маск формално даде понуда.
-Дали вашиот син сака да купи фудбалски клуб Ливерпул?
“Не можам да коментирам за тоа бидејќи сопствениците ќе ја зголемат цената. О да, тој изрази желба, но тоа не значи дека го купува. Очигледно тој би го сакал, секој би сакал и јас. Неговата баба е родена во Ливерпул и имаме братучеди во тој град“, изјави Ерол Маск. Покрај тоа што е еден од најголемите светски клубови, кој моментално доминира во англискиот и европскиот фудбал, семејството Маск и самиот Илон дополнително се мотивирани од семејните врски да го направат овој потег.
Имено, бабата на Илон и мајка на Ерол, Кора Амелија Робинсон е Англичанка од Ливерпул. Голем дел од семејството од страната на баба им сè уште живее во овој град Мерсисајд. За разлика од колегите, Маск никогаш не изразил желба да инвестира пари во некој од клубовите, како во фудбалот, така и во популарните американски спортови, па Ливерпул би бил негов „деби“ во ваков тип на инвестиции.