SportM
Фудбал

40 милиони евра се подготвени за „новиот Кака“

Д М25 авг 2022
40 милиони евра се подготвени за „новиот Кака“

Вест Хем Јунајтед сака да се засили на крајот од летниот преоден рок.

Во тек се преговори со Лион околу трансферот на 24-годишниот Бразилец Лукас Пакета, а британските медиуми најавуваат дека Вест Хем нуди сума од 40 милиони евра.

Фудбалерот на Лион сега разговара за личните услови и наводно преговорите брзо напредуваат.

Пред да дојде во Лион во септември 2020 година, тој играше и за Милан и бразилскиот Фламенго, каде што израсна.

Пакета брзо се наметна кај Французите и импресионираше со неговата статистика: 80 официјални натпревари, 21 гол и 14 асистенции.

Тој имаше и многу добра сезона во Милан, со 44 официјални натпревари, еден гол и три асистенции.

За новиот Кака, како што го нарекуваа Паке, беа заинтересирани и Арсенал и Манчестер Сити, но се чини дека овој играч од средниот ред ќе стане нов играч на Вест Хем.

Во тековната сезона, Пакета имаше два настапи за Лион во Лига 1, но не постигна гол или асистенција.

Во претходниот дел од кариерата освои и еден трофеј со Бразил, Копа Америка во 2019 година.

Исто така, треба да се додаде дека дресот на бразилската репрезентација го носеше 33 пати и постигна седум гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.