Connect with us

Фудбал

А, вечерва главното, Реал Мадрид – Манчестер Сити, има да грми, само еден може понатаму!

По вечерашните натпревари ќе ги дознаеме сите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите. Директен пласман во осминафиналето веќе обезбедија Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Интер, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила, а синоќа им се приклучија Баерн, Бенфика, Феенорд и Клуб Бриж.

Денешната програма се отвора со дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Спортинг во кој би требало да се случи невидено чудо за гостите да се пласираат понатаму. Имено, Борусија победи со 3-0 во Лисабон, и не би требало да има проблем да ја одбрани таа предност вечерва.

Идентична ситуација во Париз треба да видиме од 21 часот кога ПСЖ ќе му гостува на Брест. Парижаните имаат и предност од 3:0 од првиот натпревар и се друго освен пласманот на „светците“ во осминафиналето би било првокласно изненадување. Во исто време во Ајндховен, ПСВ ќе му гостува на Јувентус и ќе се обиде да ја надополни негативата од првиот натпревар. Јувентус победи со 2:1 во Торино, па со сигурност можеме да очекуваме интересен дуел вечерва.

Сепак, сите очи на светската спортска јавност ќе бидат насочени кон мечот во Мадрид вечерва, каде Реал ќе го нагости Манчестер Сити. На првиот натпревар на „Етихад“ видовме вистински спектакл, а нема сомнеж дека вечерва не очекува фудбалско уживање.

Сити во првиот натпревар водеше со 2-1 до 80. минута, но потоа Реал успеа да направи пресврт и да победи и во вечерашниот натпревар ќе влезе со  предност од 3-2.

Вечерашни средби:

18:45 Борусија – Спортинг (прв натпревар 3:0)

21:00 ПСЖ – Брест (3:0)

21:00 ПСВ – Јувентус (1:2)

21:00 Реал Мадрид – Манчестер Сити (3:2)