SportM
Други

АМС ги подели ваучерите, најмногу пари за Вардар, ФФМ избришана

Редакција11 фев 2022
АМС ги подели ваучерите, најмногу пари за Вардар, ФФМ избришана

Македонскиот ракометен шампион Вардар и ооваа година ќе земе најголем ваучер од Агенцијата за млади и спорт. Актуелниот македонски првак има најголемо бодување, на сметката на „црвено-црните“ ќе легнат 17.500.000 денари.

Веднаш за Вардар 1961 е Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе добијат ваучер од 16.500.000 денари. Трет на листата е Металург.

Тимот од Автокоманда во време кога се соочува со тешки финансиски проблеми и доби суспензија од ЕХФ за настап не само во европските клупски натпреварување, туку и во домашниот шампионат, ќе земе ваучер од над 200.000 евра односно 12.000.000 денари.

Во фудбалот, Шкендија ќе добие 10.850.000 денари, а Шкупи и Струга ТЛ по 9,850.000 денари.

Од кошаркарските клубови најголем дел од парите ќе добие МЗТ Скопје и тоа 12.300.000 денари, а Работнички 10.800.000 денари.

Во одбојката ОК Струмица 3.700.000 денари, ОК Вардар 2.300.000 денари.

Како и во минатото, АМС повторно ја заборави Фудбалската Федерација на Македонија, продолжувајќи го конфликтот со „куќата на фудбалот“ без оглед на успесите на фудбалската репрезентација во изминатата година.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.