Connect with us

Фудбал

Анчелоти емотивен, но и строг на тренингот пред реваншот со Арсенал, им свикал на фудбалерите

 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти бил емотивен на тренингот на тимот во пресрет на реваншот со Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, пренесува „COPE“.

На тренингот кој се одржа вчеравечер, 65-годишниот италијански стручњак бил особено енергичен во мотивирањето на своите играчи, па дури и го кренал гласот кон нив.

Реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе се одигра утревечер од 21 часот. Арсенал го доби првиот натпревар со 3:0.

Анчелоти е на чело на Реал Мадрид од 2021. Под негово водство мадридскиот клуб три пати ја освојуваше Лигата на шампионите. з