Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација

Фото: tv21m
Македонскиот ракометар Павле Атанасијевиќ ги искажа своите впечатоци за натпреварот со Холандија вчеравечер во Вараждин на Светското ракометно првенство 2025.
Македонија загуби со 37:32, во второто коло во Д-групата.
– Холандија предноста ја направи при крајот на првото полувреме. Ние направивме некои грешки со враќањето во одбрана. Но ќе кажам дека сум горд на нашиот тим. Прикажавме добра борба. Судиите имаа некои одлуки во корист на противникот. Игравме цврсто, но не така грубо за огромниот број исклучувања. Имаме сили за Гвинеја, желни сме да победиме и ќе се подготвиме добро, изјава Атанасијевиќ.
За избраниците на селекторот Кире Лазаров денес е слободен ден на Мундијалот, а утре во 3. коло од Д-групата ќе се соочат со Гвинеја. Со победа или нерешено, Македонија ќе се пласира во Главната групна фаза.



