SportM
Фудбал

Барса се жали на судењето, а ова? Плукањето е за црвен картон (ВИДЕО)

Редакција7 мај 2025
Барса се жали на судењето, а ова? Плукањето е за црвен картон (ВИДЕО)

Сите оние кои што синожа во директен пренос го следеа мечот помеѓу Интер и Барселона (4:3), веднаш по голот на Чалханоглу од пенал за 2:0, на екраните можеа да го забележат Франческо Ачерби како бесно гестикулира со рацете кон фудбалерите на Барселона. Причината поради која дефанзивецот на Интер беше бесен ја дознавме по мечот, бидејќи режисерот на тој натпревар во преносот не го покажа моментот, а не реагираше ниту судијата, ниту пак некој од ВАР собата.

Имено, крајно неспортски потег направи Иниго Мартинез од Барса кој го плукна Ачерби, кој потоа збесна. Секако ова судиите, кои трпат големи критики од Барселона, веројатно не го видоа, бидејќи според сите фудбалски правила, за ваков неспортски потег се добива директен црвен картон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.