Connect with us

Фудбал

Барселона го победи Рајо со контроверзното судење и го зазеде првото место на табелата (ВИДЕО)

Во натпреварот од 24. коло на Ла Лига, Барселона на стадионот Монжуик го совлада Рајо Ваљекано со 1-0.

Каталонците со оваа победа го презедоа врвот на табелата, израмнети на бодови со Реал, но со подобра гол-разлика. Атлетико има еден бод повеќе, а Атлетик Билбао заостанува шест бода. Стрелец на единствениот гол вечерва беше Роберт Левандовски од пенал во 26. минута, откако ВАР потврди прекршок на Пато Сис врз Иниго Мартинез. Првото полувреме го одбележаа три спорни ситуации. Најпрвин Хектор Форт од Барселона го собори Мумин од Рајо Ваљекано во шеснаесетникот на домаќините, но судијата не досуди пенал. Набргу потоа, по прегледот на ВАР, беше досуден пенал за Барселона за прекршокот на Сис врз Мартинез кој беше потврден по прегледот на ВАР.

На играчите на Рајо Ваљекано им беше поништен гол во самиот финиш на првото полувреме за кој многу гледачи сметаа дека е легален, но не и судијата Марио Мелеро Лопез.

Иако Де Фрутос не беше во офсајд, помошниот судија веднаш го подигна знаменцето, сметајќи дека друг играч, кој навистина бил во офсајд, влијаел на играта. Станува збор за напаѓачот на Рајо, Ренди Нтека, кој навистина бил во благ контакт со дефанзивецот на Барселона, но не е јасно дали бил во офсајд и влијаел на играта и на расплетот на ситуацијата. Рајо Ваљекано имаше неколку шанси за израмнување, исто како и Барселона во последните минути од играта, но резултатот остана 1:0 и гостите го претрпеа првиот пораз во десет последователни натпревари. Барселона во следното коло ќе игра на гостувањето кај Лас Палмас, додека Рајо ќе му гостува на Виљареал.