Фудбал
Барселона и Интер вечерва во прва битка за финале, дали тука се е јасно?!

Барселона и Интер вечерва ќе го играат своето прво полуфинале во Лигата на шампионите. Откако ПСЖ вчера го победи Арсенал со 1-0 на гости, второто полуфинале помеѓу Барселона и Интер е закажано за денес.
Тоа ќе биде реприза на полуфиналето од 2010 година, во кое Интер на Мурињо ги нокаутира Каталонците во двомечот, а подоцна го освои пехарот. Барселона игра импресивно оваа сезона, влегувајќи во вечерашниот натпревар охрабрена од победата од 3-2 во Ел Класико во финалето на Кралскиот Куп и е фаворит за освојување на Лигата на шампионите, додека Интер западна во криза и вечерашниот натпревар може да биде нивна пресвртница во сезоната.
Нероаѕурите беа во одлична форма до пред околу десет дена, кога западнаа во криза и претрпеа три последователни порази. Прво загубија во Серија А од Болоња (1:0), потоа во Купот на Италија од Милан (3:0), а пред три дена ја загубија водечката позиција во Серија А со пораз од Рома (1:0), а вечерва ќе мора да играат совршено за да излезат од кризата, што е полесно да се каже отколку да се направи против машината на Флик.
Натпреварот на преполниот „Олимпик Љуис Компанис“ помеѓу Барселона и Интер ќе се игра вечерва во 21:00 часот.