SportM
Фудбал

Барселона ја прегази Осасуна, но може на „зелена маса“ да остане без победа (ВИДЕО)

E R28 мар 2025
Барселона ја прегази Осасуна, но може на „зелена маса“ да остане без победа (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Барселона ја совлада Осасуна со 3:0 и уште еднаш покажа дека е во добра форма. Сепак, постои можност каталонакиот клуб да остане без овие три бода.

Имено, Осасуна се подготвува да поднесе жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА за задолжителена пауза на играчите откако ќе се повлечат од националниот тим поради повреда. Работата е во тоа што Иниго Мартинез синоќа играше за Барселона, а според правилата на ФИФА не му беше дозволено да игра.

Играчите кои поради повреда ја напуштаат репрезентацијата не смеат да играат за клубот додека не поминат пет дена од последниот натпревар во репрезентативниот прозорец. Шпанија во неделата играше против Холандија во Лигата на нации, што значи дека до натпреварот Барселона-Осасуна во четврток поминаа четири, а не пет дена. Мартинез на тој натпревар не настапи за Шпанија поради повреда која ја заработи против Атлетико.

„Иниго Мартинез е повлечен од репрезентацијата на Шпанија поради повреда на коленото, која ја пријави Барселона. На негово место Луис де ла Фуенте го повика Дин Хујсен од Бурнмаут“, соопшти Шпанската фудбалска федерација пред натпреварите на националниот тим, но од соопштението не е јасно дали Барселона во име на Мартинез побарала тој да биде ослободен од репрезентативната должност.

Жалбата на Осасуна ќе „падне“ пред комисијата во Ла Лига само доколку Барселона докаже дека Мартинез е испратен дома од страна на селекторот на Шпанија. Доколку играчот поднел барање да го напушти репрезентативниот камп, Барселона ќе загуби три бода освоени на теренот.

Standings provided by Sofascore
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.