Connect with us

Кошарка

Бегајте, Никола Јокиќ забива и тоа пет пати (ВИДЕО)

Денвер Нагетс беа поразени од Чикаго на гости 129:121, а Никола Јокиќ ја одбележа ноќта со потези кои ретко ги користи – забивања. Тој најагресивен начин го нападна обрачот и погоди пет пати во натпреварот, остварувајќи трипл-дабл од 33 поени, 12 скока и 14 асистенции.

Ова е втор последователен пораз за Денвер по Минесота, на кој му претходеа четири последователни триумфи на шампионите од НБА сезоната пред минатата.