Connect with us

Фудбал

Беше голем талент, но сега признава-Да не беше кокаинот, ќе ја освоев Златната топка!

Поранешниот романски фудбалер Адријан Муту (46) е убеден дека можел да ја освои Златната топка доколку не ја направел најголемата грешка во кариерата консумирајќи кокаин. Муту се пресели од Парма во Челзи во 2003 година за 19 милиони евра и веќе беше редовен член на тимот под водство на Клаудио Раниери во неговата прва сезона.

Меѓутоа, со доаѓањето на Жозе Мурињо, неговиот статус се промени, а се кулминираше во октомври 2004 година кога беше позитивен на кокаин и доби седуммесечна суспензија.


“Најлошата одлука во мојата кариера беше земањето кокаин за време на мојот престој во Челзи. Бев осамен и тажен, но ниту депресијата, ниту кое било друго оправдување не може да ги оправда моите постапки. Требаше да побарам помош, но не побарав. Сепак, учиш од се. Таа лекција ми помогна да станам подобар човек, позрел и посвесен за моите постапки”, призна Муту.