Други спортови
Боксерот и јутјубер заврши во болница по ќотекот во рингот, но потоа предизвика хаос со објавата со парите (ФОТО)
Американскиот боксер и Јутјубер Џејк Пол предизвика бурни реакции со објава веднаш по излегувањето од болница, во која заврши поради бруталниот нокаут од Ентони Џошуа.
Пол се здоби со повреда во петтата рунда од борбата во петокот, а Џошуа славеше по импресивна серија удари во рундата што следеше.
Со тоа Џошуа го подобри својот скор на 29:4, додека Пол има сооднос 12:2. Сепак, по борбата заработи скршеница на вилицата и извесно време помина во болница.
По излегувањето од болница, Пол се огласи на социјалните мрежи со контроверзна објава. Уште еднаш го покажа својот раскошен начин на живот.
View this post on Instagram
Јутјуберот објави фотографија од приватен авион, додека околу неговите нозе имаше стотина снопови пари, чанти и кеси од Louis Vuitton и неколку пиштоли. Испрати и мотивациска порака.
„Американски сон. Започни го својот денес. Верувај во него. Ако паднеш, учи. Ако паднеш, не застанувај“, порача Пол.
Фановите брзо ги споделија своите мислења на социјалните мрежи. Додека некои го поддржуваат „подемот“ на Пол по борбата, други го критикуваат поради ароганцијата што ја покажува самата фотографија.
Инаку, борците за оваа борба заработија приближно ист паричен износ, односно по 78 милиони евра бруто, односно по 63 милиони евра нето, по одбитоците.