Connect with us

Фудбал

Бууммм, срушен клупскиот рекорд, Симонс платен 50.000.000 евра, ПСЖ повеќе нема ништо со него!

Мандатот на Чави Симонс (21) во Пари Сен Жермен дефинитивно заврши, бидејќи Лајпциг, клубот во кој тој настапува како позајмен година и пол, го откупи договорот на холандскиот репрезентативец. Одличниот офанзивен играч за врска потпиша четиригодишен договор со парижаните во 2023 година, каде што ја започна својата кариера во 2021 година.

Во сезоната меѓу двата мандати во Париз, тој играше за ПСВ, а целата втора сезона ја мина во германскиот клуб, кој сега го откупи неговиот договор за 50 милиони евра, пренесува „Билд“ кој нагласи дека ова е историски трансфер за клубот од источна Германија.

Лајпциг своевремено плати 40 милиони евра за трансферот на Лоис Опенде од Ленс, па сега Симонс станува најскапиот играч во историјата на клубот. Пред година и пол ПСЖ му плати на ПСВ шест милиони евра за враќање на Симонс во своите редови. Симонс за Лајпциг постигна 15 гола на 60 натпревари. Лајпциг оваа сезона не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а кога е Бундеслигата во прашање, Лајпциг е на петтото место со 32 бода.