SportM
Фудбал

Челзи итно си врати одбранбен играч

Ј П16 јан 2025
Челзи итно си врати одбранбен играч

Челзи го врати Трево Чалоба од Кристал Палас на позајмица по повредата на централниот бек Весли Фофана, пренесува Sky Sports. 25-годишниот дефанзивец одигра 14 натпревари за „орлите“ во сите натпреварувања во текот на есенската полусезона.

Фофана најверојатно ќе ги пропушти останатите натпревари на Челзи во Премиер лигата поради повреда на мускулот. Тој нема играно од 1 декември кога си замина со повреда во победата од 3-0 против Астон Вила.

Челзи продолжува да бара трансфер за централен дефанзивец, а локалните медиуми се насочени кон капитенот на Палас, Марк Гехи.

Според Скај Спорт, Чалоба во моментов е најверојатната замена за Фофана поради неподготвеноста на Палас да се раздели со Гехи. Средниот бек се проценува на околу 50 милиони фунти.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.