SportM
Фудбал

Четирикратниот победник на релито Дакар се повлече по втората етапа!

Редакција7 јан 2025
Четирикратниот победник на релито Дакар се повлече по втората етапа!

Четирикратниот победник на релито Дакар, Карлос Сајнц постариот, се повлече по втората етапа на трката во 2025 година.

Автомобилот на 62-годишниот Шпанец се превртел и бил сериозно оштетен, а екипажот изгубил време поради проблеми со навигацијата. Тие ја завршија етапата еден час и 30 минути зад лидерот.

По втората етапа, возачот и неговиот совозач Лукас Круз решија да се повлечат од трката, бидејќи открија оштетување на безбедносниот кафез, што според правилата на ФИА не може да се поправи за време на релито

Дакар 2025 се одржува во Саудиска Арабија од 3 до 17 јануари. з

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.