Connect with us

Фудбал

Член на славната генерација на Њукасл стана хулиган, го исфрлија од сите стадиони

Поранешниот голем талент на Њукасл, Енди Ферел (40) од играње на терените ширум Англија, до забрана да стапне на кој било стадион во земјата.

Енди Ферел порано беше голем талент за Њукасл. До првиот тим се проби преку познатата генерација од 2002 година. . Од 2002 до 2004 година беше член на Њукасл, а потоа играше за Ватфорд, Јорк, Бароу, Блит Спартанс и бројни англиски екипи. Кариерата ја заврши во 2015 година, а потоа патот го одведе во сосема друга насока, иако остана опседнат со фудбалот. Ферел, роден и израснат во Њукасл, отсекогаш бил огромен поддржувач на својот матичен клуб. По играчката кариера стана хулиган и често запаѓаше во неволја. Во мај 2023 година, тој доби забрана за влез на сите стадиони во Велика Британија. Тогашниот 39-годишен Ферел, заедно со уште тројца навивачи на Њукасл, беше осуден за насилство на денот на натпревар, пред стадионот на Њукасл.

Причината е што гореспоменатите навивачи се судрија со навивачите на Челзи пред паб блиску до стадионот и тоа се случи на денот на натпреварот. Сè се случи во ноември 2022 година. За среќа на Ферел, оваа одлука подоцна беше поништена и неговата забрана беше укината бидејќи судијата утврди дека насилството во кое тој бил вклучен нема никаква врска со фудбалот, иако делови од пресудата останаа во сила.

Ферел претходно бил во затвор. Овој некогаш талентиран напаѓач се соочи со четири години затвор откако беше обвинет за поседување дрога. Тој одлежа две години од казната пред да биде ослободен.