Connect with us

Други спортови

Даде отказ во хотел како ноќен портир, а потоа стана сензација на Светското првентво

Британецот Џастин Худ (32) ја продолжува својата неверојатна приказна на Светското првенство во дартс откако минатата година го напушти работното место ноќен портир во хотел и ја вложи целата своја животна заштеда во обид за професионална кариера во овој спорт.

Худ стигна до четвртфиналето на ПДЦ Светското првенство и обезбеди минимална заработка од дури 69.000 евра од наградниот фонд.

Во осминафиналето одигра еден од најимпресивните мечеви на турнирот, откако го декласираше Џош Рок со чисти 4:0, а покрај тоа постигна и историски подвиг.

Погодил првите 11 обиди на двојните излези, што досега не успеал никаков играч во историјата на светските првенства во дартс.