SportM
Фудбал

Дали судиите го протуркаа Реал во финале, Реал Сосиедад оштетен?! (ВИДЕО)

E R2 апр 2025
Дали судиите го протуркаа Реал во финале, Реал Сосиедад оштетен?! (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Реал Мадрид синоќа се пласираше во финалето на Купот на шпанскиот крал, откако ремизираше 4-4 против Реал Сосиедад во реванш полуфиналниот натпревар, со што одбрани гол предност од првиот натпревар, но натпреварот го одбележа катастрофалната судиска грешка во корист на кралевите.

Имено, голот на Реал за 3:3 во 86. минута по корнер не требаше да се случи. Во 86. минута Родриго изведе корнер, а Аурелиен Чуамени со глава израмни 3:3, но Реал не требаше да го изведе тој корнер. Имено, на акцијата која резултираше со удар од корнер и претходеше очигледен офсајд во кој беше вмешан Килијан Мбапе, но ниту судиите на теренот ниту оние во ВАР просторијата не реагираа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.