Connect with us

Фудбал

Дали требаше да биде поништен вториот гол на Реал Мадрид-Винисиус метар и пол во офсајд, нема сомнеж во тоа (ВИДЕО)

Реал Мадрид првпат сезонава успеа да го победи Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите со резултат 2:1 и со тоа дојде до предност во пресрет на реваншот.

Победата за кралевите ја донесе Брахим Дијаз со гол во 55. минута од натпреварот, а токму победничкиот гол крена голема прашина, при што многумина сметаат дека голот требало да биде поништен или барем да се провери преку ВАР технологијата. Што е работата? Дијаз не е доведен во прашање бидејќи шутираше од врвот на шеснаесетникот и постигна прекрасно гол, но позицијата на Винисиус Жуниор е проблематична бидејќи беше јасно во офсајд.

Тој не ја допре топката и не влијаеше на противничките играчи, но му пречеше на Јан Облак, кој можеби поради него не можеше јасно да ја види траекторијата на топката.

“Тоа е позиционен офсајд. Винисиус е во офсајд на метар и пол од Облак. Голманот на Атлетико не можеше да го види потегот на Дијаз, не се сомневам во тоа. Сепак, во оваа ситуација не е виновен судијата, проблемот е што ВАР не го предупреди”, изјави судијата аналитичар Павел.

Реваншот е закажан за следната недела на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид кога Атлетико ќе брка гол негатива од синоќешниот меч на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.