Даниел Хакет објави крај на репрезентативната кариера

Одличниот 31-годишен плејмејкер на ЦСКА Москва, Даниел Хакет, објави дека ги одиграл своите последни натпревари за италијанската кошаркарска репрезентација на минатиот Мундобаскет.

„Мислам дека е фер од моја страна да се повлечам и да се направи простор за нови генерации на играчи кои заслужуваат да играат“, рече Хакет, додавајќи:

„Дечки како Марко Спису, Давиде Морети и Нико Манион треба да ја искусат можноста што е можно поскоро. Време е да се повлечам и сигурен сум во исправноста на она што го правам.“