SportM
Фудбал

Дембеле не сакал да ја прими наградата за играч на мечот, а кога му стана јасно дека мора, настана оваа фотографија (ФОТО)

E R16 апр 2025
Дембеле не сакал да ја прими наградата за играч на мечот, а кога му стана јасно дека мора, настана оваа фотографија (ФОТО)

Фото: tv21m

Фудбалерите на ПСЖ синоќа се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако ја одбранија предноста против Астон Вила од првиот натпревар на Вила Парк.

Парижаните победија со 3:1 на првиот меч на Паркот на принцовите, а синоќа беа поразени на гости со 3:2 и со вкупен резултат 5:4 влегоа во четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Иако ПСЖ беше поразен, УЕФА го избра Усман Дембеле за играч на натпреварот, а тој одби да ја прими наградата и налутено истрча во соблекувалната. Тогаш настана вистински хаос, но на крајот луѓето од УЕФА успеаја да стигнат до него и му ја предадоа, а официјалната фотографија од играчот од мечот Астон Вила – ПСЖ стана вистински хит.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.