Денвер гази се пред себе!
E R21 фев 2025

Фото: tv21m
Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Шарлот со 129:115, со што го забележаа деветтиот последователен триумф во НБА лигата.
Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј со 34 поени. Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ беше на асистенција до трипл – дабл, завршувајќи го натпреварот со 29 поени, 17 скокови и девет асистенции. Арон Гордон додаде 18 поени и седум скока, додека Џулијан Стротер постигна 16 поени.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



