SportM
Фудбал

Дербито излезе од контрола, полицијата пукаше кон незадоволните навивачи (ВИДЕО)

Редакција8 апр 2025
Дербито излезе од контрола, полицијата пукаше кон незадоволните навивачи (ВИДЕО)

Изминатиот викенд на стадионот Драгао се одигра големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика, а натпреварот го одбележа и судир меѓу домашните навивачи и полицијата.

Очигледно, навивачите на Порто беа незадоволни од дебаклот што го доживеаја, бидејќи тимот од Лисабон победи убедливо со резултат 4:1. Навивачите на Порто започнаа пресметка со полицајците, кои веднаш реагираа и испукаа кон нив со гумени куршуми. За среќа на сите на стадионот, немаше посериозен инцидент.

Бенфика благодарение на победата против Порто ја презеде првата позиција на табелата и сега има 68 бодови. Брага му направи голема услуга на клубот од Лисабон, кој одигра 1:1 со Спортинг на гости. Спортинг моментално е на второто место во португалскиот шампионат и има два бода помалку од градскиот ривал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.