Connect with us

Фудбал

Добри вести, напаѓачот кој колабираше на теренот доби дозвола повторно да игра

Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин, кој колабираше пред две недели на натпреварот против Верона, доби дозвола да се врати на теренот.

Клубот соопшти дека напаѓачот ги поминал медицинските тестови и резултатите се позитивни. Кин сега може да продолжи со тренинзите со соиграчите.

Ова ќе му овозможи да учествува на гостувањето на Наполи на „Диего Армандо Марадона“ стадионот на 9 март.

Кин најверојатно нема да патува во Атина на натпреварот против Панатинаикос во Конференциската лига.