Кошарка
Дончиќ одигра меч за заборав, Јута ги шокираше Лејкерси пред Ол-стар паузата! (ВИДЕО)
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2025/02/doncic-lejkersi.jpg)
Кошаркарите на Јута Џез остварија домашна победа пред Ол Стар паузата совладувајќи го Лос Анџелес Лејкерс со 131:119.
Втор натпревар на Лука Дончиќ во дресот на „Езерџиите“ и прв пораз. Лејкерси имаа десет победи во претходните 11 натпревари, но неочекувано паднаа во Солт Лејк Сити, пред еднонеделната пауза што ја прави НБА лигата поради Ол-стар паузата. Дончиќ на своето деби постигна 14 поени, а ни овојпат не се покажа, бидејќи мечот го заврши со 16 (6/13 од поле, 1/8 тројки, 1/5 слободни фрлања). Тој имаше и четири скока и четири асистенции. Руи Хачимура имаше три поени повеќе од него, Леброн Џејмс 18, а Остин Ривс 15 поени и 11 асистенции. Домашниот тим до триумфот го предводеше Лаури Марканен со 32 поени, Џордан Кларксон додаде 21, а Кијонте Џорџ имаше еден помалку.