SportM
Фудбал

Два меча суспензија за Винисисус за удирањето на Столе Димитриевски

Редакција8 јан 2025
Два меча суспензија за Винисисус за удирањето на Столе Димитриевски

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е суспендиран на два натпревара во шпанската Ла Лига.

На 3 јануари 24-годишниот Бразилец беше исклучен на натпреварот против Валенсија (2:1) во одложениот натпревар од 12. коло на Ла Лига. Винисиус го турна противничкиот голман Столе Димитриевски.

Напаѓачот ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас (19 јануари) и Ваљадолид (25 јануари) во Ла Лига.

Воедно, Винисиус ќе може да игра утре против Мајорка во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

За инцидентот Реал е казнет со 700 илјади евра, а самиот играч со 600 евра. 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.