SportM
Фудбал

Елиф Елмас на листата на желби на Лацио!

E R7 јан 2025
Елиф Елмас на листата на желби на Лацио!

Фото: tv21m

Се погласни се информациите и вестите поврзани со Елиф Елмас и негово заминување од Лајпциг, кој веројатно ќе остане лоша епизода во неговата кариера. Ново име на листата на клубови кои се заинтересирани за неговите услуги е Лацио. Според пишувањата на „Тутомеркатовеб“, Лацио сака да ја засили средината за продолжението од сезоната. Желбите за оваа позиција се Јакопо Фацини од Емполи и Елиф Елмас од Лајпциг.
Лацијалите ќе се обидат прво со Фацини, односно уште во јануари да ја затворат зделката. Доколку не успеат со него, новата цел ќе биде Елиф Елмас, кој според „Тутомеркатовеб“ е полесна зделка за договорање со оглед на тоа дека и фудбалерот, но и германскиот тим се подготвени за разделба.
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.