SportM
Фудбал

Елиф Елмас слета, насмеан и со шалот на новиот клуб, повторно ќе игра во Италија (ВИДЕО)

E R29 јан 2025
Елиф Елмас слета, насмеан и со шалот на новиот клуб, повторно ќе игра во Италија (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас и дефинитивно ќе биде нов фудбалер на италијанскиот тим Торино. Тој попладнево слета на аеродромот, па се појавија и првите фотографии и видео со навивачкиот шал на новиот клуб. Можеше да се залебежи и насмевка на неговото лице, веројатно поради тоа што зад себе ја остава лошата епизода наречена Лајпциг, каде не доби вистинска шанса.

Што се однесува до условите, според информациите од Италија, Елмас ќе биде на позајмица до крајот на сезоната во Торино, а потоа италијанскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор за 18 милиони евра. Оваа клаузула сепак не е задолжителна, односно стои со можност за откуп, не задолжителен.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.