SportM
Фудбал

Енис Барди ќе игра за „газда“ Роналдо ?! (ФОТО)

E R18 јан 2025
Енис Барди ќе игра за „газда“ Роналдо ?! (ФОТО)

Фото: tv21m

Угледниот шпански весник „АС“ објави дека Енис Барди се враќа во Шпанија. Како што пишува овој медиум, македонскиот репрезентативец веќе има начелен договор со Реал Ваљадолид, чиј сопственик и претседател е легендарниот бразилец Роналдо.

Деталите не се познати, но АС тврди дека има начелен договор, кој се очекува да биде реализиран во следните неколку дена. Барди само треба да ги договори личните услови, бидејќи ќе дојде како слободен играч откако го раскина договорот со Трабсонспор.

За Барди имаше заинтересираност од два клуба од Турција, Ејупспор и Бодрумспор. Се пишуваше дека интерес имало и од шпанските Еспаљол и Рајо Валјекано.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.