SportM
Ракомет

Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Спортинг

Редакција14 фев 2025
Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Спортинг

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва загуби од Спортинг во Лисабон со 30:24.

Ова беше натпревар од 11. коло на Лигата на шампионите по кое битолчани го запишаа седмиот пораз.

Португалскиот тим победата ја обезбеди во последните 15-ина минути кога со серија од три последователни погодоци стигнаа до водство 25:20.

На „Пелистерци“ не им оди во прилог денешната победа на Висла на гости против ПСЖ (31:28).

Со оваа победа Висла го престигна Еурофарм Пелистер кој сега падна на 7. место.

Табела Група А во Лигата на шампионите: Веспрем 20 бода, Спортинг 15, Фуксе Берлин 14, ПСЖ 14, Динамо Букурешт 10, Висла 6, Еурофарм Пелистер 6, Фредериција 3.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.