Еве што кажа Лионел Меси за поразот во финалето!
Редакција20 јул 2026

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ги искажа впечатоците по поразот (0:1) од Шпанија ноќеска во финалето на Светското првенство 2026.
– Тажен сум, но разбирам дека дадовме сè од себе. Шпанија беше подобра, да бидам искрен. Го загубивме натпреварот и го прифаќаме тоа. Тоа не значи дека ќе заборавиме сè што направивме претходно, па затоа би сакал да им се заблагодарам на моите луѓе, моите играчи и мојата земја, изјави Меси за „АП“.
Триесет и деветгодишниот Меси постигна осум гола и имаше четири асистенции во осум натпревари на Светското првенство во 2026 година.
Сподели
Поврзани вести

Еве го виновникот, Аргентинецот си ги местеше штуцните кога Торес го даде голот за победа на Шпанија (ВИДЕО)

Трамп му рекол на Инфантино: САД да бидат домаќини и на следното Светско првенство!

Се појави нова снимка: Молина го удри Родри, навивачите со порака-не се враќај во земјата во која го вадиш лебот! (ВИДЕО)
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
