Connect with us

Фудбал

Феенорд им го продаде најдобриот играч, постигна гол, но сепак го елиминираа Милан (ВИДЕО)

Каква вечер за Феенорд, како од соништата, но од друга страна каква вечер за напаѓачот Гомез. Одличниот фудбалер во зимскиот преоден рок токму од холандскиот тим дојде во Милан, постигна гол синоќа за 1:0 за „Росонерите“, но на крајот со наведната глава го напушти теренот. Се чини дека клучниот момент се случи во 51-та минута кога Хернандез доби втор жолт за симилирање на пенал, а потоа Милан остана со играч помалку. Феенорд го искористи тоа и во 73-та минута преку Каранза постигна гол за 1:1, што беше доволно за пласман во осминафиналето, бидејќи пред една недела дома победија со 1:0.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ, ВТОРНИК
МИЛАН – ФЕЕНОРД 1:1 (ПРВ МЕЧ 0:1)

АТАЛАНТА – КЛУБ БРИЖ 1:3 (ПРВ МЕЧ 1:2)

БАЕРН – СЕЛТИК 1:1 (ПРВ МЕЧ 2:1)

БЕНФИКА -МОНАКО 3:3 (ПРВ МЕЧ 1:0)