SportM
Тајм аут

Фернандо Алонсо за прв пат стана татко!

E R26 мар 2026
Фернандо Алонсо за прв пат стана татко!

Фернандо Алонсо денес ќе ги пропушти медиумските активности пред Големата награда на Јапонија поради раѓањето на неговото прво дете.

Од Астон Мартин соопштија дека двократниот светски шампион ќе пристигне подоцна овој викенд по семејни причини, а иако Алонсо својот приватен живот повеќе од две децении го држи далеку од очите на јавноста, новинарите дознале дека станува збор за раѓањето на дете.

Партнерката на Алонсо, Мелиса Хименез, се породила, па така Фернандо на 45-годишна возраст станал татко за првпат.

Алонсо, покрај медиумските активности, нема да присуствува ниту на првиот слободен тренинг во Сузука.

Наместо него, во болидот на Астон Мартин ќе седне резервниот возач Џек Крафорд.

Алонсо на почетокот на сезоната се откажа од двете трки, во Австралија и Кина, и се надева дека првпат во Јапонија ќе ја заврши трката до крај.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.