Connect with us

Фудбал

Фиорентина го потопи Интер (ВИДЕО)

Фиорентина забележа убедлива победа против Интер на домашен терен со 3:0. Воедно, избраниците на Симоне Инзаги со овој пораз пропуштија да се изедначат со бодовите со лидерот Наполи, а поради подобрата гол разлика практично би биле и на првото место. Ова беше меч кој што се одигруваше откако пред неколку месеци во 15-тата минута на теренот колабираше фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове.

Овој меч се доигра синоќа, а продолжи од 17-тата минута каде што и беше прекинат. Интер имаше иницијатива, повеќе се играше на половината на домаќинот, но сепак Фиорентина беше таа која релизираше шанси.  Гостите од Милано постигнаа гол преку Карлос во 30-тата минута, но сепак оправдано беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел прво Раниери, а потоа и Кен два пати, стрелаа за убедлива победа на тимот од Фиренца, посветена токму на нивниот играч Бове кој се опорави, но беше на клупата. Овие две екипи ќе се сретнат во понеделник повторно, овој пат во Милано, од меч од редовното 24.коло.