ФОТО: Кој беше Мартин Јанушев?

Дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој вечерва со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива.

-текстот продолжува по рекламата-

Мартин е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври.

Според информациите од Министерството за здраство, Мартин бил донесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот.

Според неофицијални информации кои ги брифираат порталите веќе починатиот и убиецот имале стари нерачистени сметки уште од летово во една скопска дискотека.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром.

Loading...