Фудбал
Фудбалер на англиски тим ставен во индуцирана кома, се удри во стативата од голот (ВИДЕО)

Повредата што ја претрпе напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, која се случи во неделата на натпреварот од 36-тото коло од Премиер лигата против Лестер Сити, доведе до медицински комплицирана состојба.
За потсетување, Авонији се удри од статива за време на еден од нападите. Имено, тој започна со лизгање кон центаршут од десно, што заврши со судир на средниот дел од телото со рамката на голот.
BREAKING: Taiwo Awoniyi is in an induced coma and currently receiving intensive care after undergoing emergency surgery.
Get well soon ❤️🩹 pic.twitter.com/AI8hwyT4bN
— Blue Minutes (@blueminutes) May 13, 2025
Ситуацијата секако беше влошена од фактот што играчот на Лестер кој го следеше, Факундо Буонаноте, даде дополнителна инерција со своето тело, со што ударот беше уште посилен.
Авонији остана да лежи на теренот, каде што му беше укажана прва помош, по што стана и го заврши натпреварот. Во тој момент, останаа уште неколку минути.
За да биде уште полошо, тоа беше прилично очигледен офсајд и сето ова немаше да се случи доколку судијата го кренеше знамето порано.
Најлошото се случи подоцна. Авонији бил примен во болница поради силни болки, каде што му биле дијагностицирани сериозни повреди на стомакот.
За жал, ситуацијата се влоши и тој беше опериран во вторникот, по што беше ставен во медицински индуцирана кома. Се знае само дека имало сериозни повреди на внатрешните органи, а некои го