Connect with us

Фудбал

Гасперини го понижи својот играч по промашениот пенал: Не може ни на тренинг да даде гол

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, остро го критикуваше напаѓачот Адемола Лукман, откако промаши пенал во поразот од Клуб Бриж со 3-1 во плеј-офот од Лигата на шампионите.


Гасперини изјавил дека Лукман бил еден од најлошите изведувачи на пенали што некогаш ги видел и додаде дека одговорноста за изведување пенали требало да ја преземат Чарлс Де Кетелаере или Матео Ретеги. Лукман погоди на почетокот на вториот дел за намалување на 3-1, но неговиот пенал го одбрани голманот на Бриж, Симон Мињоле.

-Адемола Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали што некогаш сум ги видел. Лукман очигледно не требаше да го изведе пеналот. Има многу низок процент на реализација, дури и на тренинзите. Сакаше да го изведе пеналот затоа што штотуку постигна гол. Ја зеде топката иако Ретеги и Де Кетелаере беа на располагање за да го изведат пеналот… Не ми се допадна, остро критикуваше тренерот на Аталанта.

Гасперини исто така го изрази своето незадоволство поради црвениот картон што му беше покажан на капитенот Рафаел Толои, кој беше исклучен поради неспортско однесување. По овој пораз, Аталанта ќе се фокусира на продолжување на сезоната во Серија А, каде во моментов го зазема третото место со пет бода помалку од лидерот Наполи.