SportM
Фудбал

Гостувањето на Израел во Албанија предизвика хаос, исвиркана химната, за малку тепачка на теренот (ВИДЕО)

Редакција4 јун 2026
Гостувањето на Израел во Албанија предизвика хаос, исвиркана химната, за малку тепачка на теренот (ВИДЕО)

Албанија и Израел одиграа пријателски натпревар во Тирана кој заврши со победа на гостите од 1:0, но мечот беше обележан со напната атмосфера и на теренот и на трибините.

Уште пред почетокот на натпреварот, израелската репрезентација беше пречекана со негодување, а при интонирањето на нивната химна околу 6.600 навивачи свиреа од трибините.

Единствениот гол беше постигнат во 73. минута кога Оскар Глух погоди од левата страна, по што ја прослави со гест кон навивачите, „замолчувајќи“ ги трибините.

Тоа предизвика реакција кај Елсeид Хисај, кој тргна кон него со намера за физичка пресметка, но соиграчите спречија поголем инцидент.

И двајцата играчи добија жолти картони, кои беа и единствените картони на натпреварот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.