Готово е, Чаби Алонсо постигна договор со Реал Мадрид, познато е и колку ќе биде на клупата на „Кралевите“
E R13 мај 2025

Познатиот италијански експерт за трансфери Фабрицио Романо ја потврди денеска информацијата за смена на клупата на Реал Мадрид.
Чаби Алонсо седнува на Реал Мадрид, а според информациите на италијанскиот новинар, договорот е веќе постигнат и шпанскиот стратег ќе потпише тригодишен договор, до 2028 година.
Алонсо ќе го почне својот мандат по заминувањето на Карло Анчелоти, а планот е да го предводи тимот веќе на Светското клупско првенство на ФИФА. Турнирот ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 14 јуни до 13 јули 2025 година.
Шпанскиот стручњак пристигнува во Мадрид по успешниот период во Баер Леверкузен со кој лани ја освои титулата во Бундеслигата.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



