Фудбал
Готово е, Кевин Де Брујн заминува, емотивно простување со Манчестер Сити (ФОТО)

Феноменалниот белгиски фудбалер Кевин Де Брујн (33) следното лето ќе го напушти Манчестер Сити, со што ќе биде означен крајот на една фудбалска ера на Островот.
Денеска Де Брујн и официјално објави дека ќе ги напушти Граѓаните по истекот на договорот на лето, а тоа значи дека Сити ќе остане без прославениот Белгиец по десет години, кога го носеше нивниот дрес.
Dear Manchester. 💙 pic.twitter.com/2EdhVYOLti
— Kevin De Bruyne (@KevinDeBruyne) April 4, 2025
„Кога ќе го видите ова, веројатно знаете што е следно, па ќе бидам директен и ќе кажам дека ова ќе бидат моите последни месеци во Манчестер Сити. Ништо од ова не е лесно да се напише, но како фудбалери сите знаеме дека доаѓаат вакви денови. Тој ден пристигна и вие заслужувате прво да го слушнете од мене. Фудбалот ме донесе кај сите вас и во овој град. Сонувајќи го мојот сон, не знаев дека овој период ќе ми го промени животот. Овој град. Овој клуб. Овие луѓе… Ми дадоа СЕ. Немав друг избор освен да им вратам СЕ. И погодете што – освоивме СЕ!“ напиша Де Брујн во своето проштално писмо.
Де Брујн пристигна во Сити од Волфсбург во 2015 година во трансфер од 76 милиони евра и оттогаш остави неизбришлива трага во историските книги на „граѓаните“. Де Брујн со Сити освои шест титули во англиската Премиер лига, како и една титула во Лигата на шампионите. Вкупно за Сити одигра 413 натпревари, постигна 106 гола и забележа 174 асистенции, а оваа сезона е целосно надвор од форма и јасно е дека повеќе не може да игра на нивото на кое сме навикнати да го гледаме. Претходно се зборуваше дека Де Брујн кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија, а дали тоа ќе се случи одеднаш, останува да се види.